Ангеловски: Сѐ што кажа Пандев е вистина, јавноста сега може да види под каков притисок работев

by
1 минути читање

Утринава Горан Пандев во „Студио 10“ на ТВ 24 отворено распука по претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Меѓудругото Пандев откри дека Сејдини сакал да го смени Ангеловски пред натпреварите против Косово и Грузија.

Сега во изјава за „Спорт 1“, селекторот Игор Ангеловски ги потврдува случувањата кои ги откри Пандев.

„Сѐ што кажа Пандев за мене и за тоа што го посочи е вистина! Може македонската јавност сега да види под каков притисок ги водев двата клучни мечеви во баражите (со Косово и со Грузија). Но, заедно со сите членови на А-тимот успеавме да го обезбедиме пласманот на Европското првенство и да го оствариме овој историски успех на Македонија на чело со капитенот Горан Пандев. И тоа на радост на сите во Македонија“, изјави Ангеловски за „Спорт 1“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани