78
Македонија со бод се враќа од гостувањето кај Србија во квалификациите за ЕП во Холандија. Футсалците се изборија за реми против фаворитот а голема заслуга за ова има голманот Петровски.
Пршиќ во 4. минута донесе водство за Србија но Крстевски шест минути подоцна погоди за 1-1.
Домаќините комплетно доминираа во продолжението, упатија дури 30 удари од кои 13 во рамките на голот но Петровски правеше чуда и не дозволи да биде совладан по втор пат.
Македонија за четири дена има нова пресметка со Србија, овој пат ние сме домаќини во арената „Јане Сандански“.