Македонија натпреварите на ЕУРО во Букурешт ќе ги игра со публика на трибините

by
1 минути читање

Од Велика
Британија се понудија да бидат главни организатори на претстојното Европско
првенство во фудбал кое ќе е предвидено да се одржи во 12 градови, меѓутоа од
УЕФА не отстапуваат од првичниот план.

Истовремено од
Романија пристигнува една убава вест, а тоа е дека натпреварите кои ќе бидат
одиграни на националната арена во Букурешт ќе се играат со присуство на публика
во ограничена бројка.

Властите го
прифатија предлогот на организацискиот одбор за дозвола за присуство на гледачи
на натпреварите до 25% од вкупниот капацитет од националната арена
“ стои во
соопштението на куќата на фудбалот во Романија.

Тоа значи дека
нашите фудбалери, своите натпревари во романската престолнина Букурешт ќе ги
игра со гледачи на трибините, но, не повеќе од 12.000.

Македонија е во
групата „Ц“, во друштво на Австрија, Холандија и Украина, а европскиот турнир
го отвораме со дуелот против Австрија предвиден да се одигра на 13 јуни. Дуелите
против Австрија и Украина ги играме во Букурешт, додека пак, пресметката против
Холандија е предвидена да се одигра во Амстердам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани