Откако на сцената влезе со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, Ибрахимовиќ го почна своето шоу на сцената.
Ибрахимовиќ во свој стил на „арогантно лошо момче“ се шегуваше на Санремо, а најлошо помина главниот водител и музиички директор, Амадеус.
„Чест е да се биде тука, но исто така чест за вас е што јас сум тука“, му рече Ибра на Амадеус.
„Нормално, се чувствувам голем, моќен, но тука се чувствувам мал. Сепакк се уште поголем и помоќен од тебе“.
Златан го пецна и Ливиерпул.
„Најпрво пред се, треба да има 22 пејачи во натпреварувањето, 11 против други 11, во спротивно не е добро. Гледам дека тука има 26, ќе продадеме четири пејачи, слушам Ливерпул барал фудбалери. Ако не ќе ги однесеме во градината, каде ќе работат под мој надзор“.
„Второ правило е за сцената. Таа е премногу мала, направена за мали луѓе како тебе. Мене ми треба сцена од 105 метри со 68 метри, како теренот на Сан Сиро“.
„Нема стрес, нема грижи, се додека Златан е тука, се ќе биде во ред. Златан фестивалот ќе трае најмалку 90 минути плус судиско продолжение“.
„Јас сум најдобар на сцената. Не само денеска, туку цело време“.