Стефан Ристовски
направи трансфер во Динамо Загреб, а за момент ги подналути навивачите на
ривалот Ријека, клуб за кого настапуваше пред Спортинг Лисабон, а според тоа
што го гледаме, македонскиот интернационалец се уште навива за Спортинг
Лисабон, клуб за кого настапуваше две сезони, а си замина минатиот месец.
Македонецот
реагираше иронично на социјалните мрежи исмејувајќи го фудбалерот на Порто,
Серхио Оливеира по неговата изјава по ремито без голови на дербито помеѓу Порто
и Спортинг Лисабон.
„Спортинг
ремизираше, за нив ова е задоволство, чест, дали се на десетото место, или
нешто подолу од тоа, а можеби и погоре, за нив, реми против Порто е како да ја
освоиле Лигата на шампионите, ние сме тажни, но и разочарани од овој резултат“
рече Оливеира, па следеше и реакција на нашиот Ристовски.
„Не те препознав,
Зидан“ напиша Ристовски на социјалните мрежи.