Берлускони со совет до Ибрахимовиќ: Стави печат на прекрасната кариера во дресот на Милан

by
1 минути читање

Силвио
Берлускиони има совети до напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ кој игра во
фантастична форма и покрај фактот што има 39 години, па така во новата сезона
постигна фантастичен учинок од 14 погодоци.

Поранешниот
претседател на Милан во интервјуто за „Скај Спорт Италија“ беше запрашан и за
шпекулациите кои го поврзаа Ибрахимовиќ со Монца, доколку оваа екипа успее да
избори место во елитното друштво на Италија.

Јас лично сметам
дека Ибрахимовиќ би требало на еден прекрасен начин да ја заврши својата
прекрасна кариера на највисоко можно ниво, а јас би го советувал тоа да го
стори во Милан
“ подвлече Берлускони, кој потоа се поризнесе и на своите
гледишта околу Монца, клубот за кого од лето ќе настапува и нашиот Лука
Станковски.

Како Лука Станковски завршил во Монца, Бобан му се јавил на Галијани: Шефе, мора да го видиш детево!

Протагонистите
во овој спорт се од особено значење, а фудбалери како Балотели и Боатенг
секогаш е убаво да ги имате во својот тим, јас се уште му го изнесувам
сопственото мислење на тренерот, а во иднина тоа ќе го правам и почесто, како
за пример, чувствувам дека на Монца и е потребен поинаков тактички систем,
потребно е повеќе да извлекуваме од Балотели, да бидеме повеќе безбедни во
одбраната, а да бидеме поубедливи во нападот
“ додаде тој, алудирајќи на тоа
дека потребна е подобра реализација.

Кога сме веќе кај
Монца, оваа екипа со 39 бода е на третата позиција на табелата во Серија Б,
односно на позиција која води до плејоф рундата за место во Серија А, или на
само пет бода од лидерот Емполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×