180
Македонија ЃП информираше дека потпиша двегодиишен договор со младиот напаѓач Лудвиг Коџо. Тој доаѓа од Канада каде играл во универзитетската лига.
Коџо е роден во Данска, но има потекло од Того. Тој веќе една недела тренира со ѓорчепетровции, но денеска стави потпис на договорот.
Покрај Коџо, во овој преоден рок клубот од Ѓорче Петров се засили и со Изет Ајрулаху, Чарстон Силва дос Сантос, Робосн да Силва, Стојан Стојчевски и Самир Фазли.