Во презентацијата се вели дека ова е прво учество за Македонија на голем турнир како што е Европското првенство.
Како клучни фудбалери се потенцираат капитиенот Горан Пандев и играчот на Леванте, Енис Барди.
Како незаборавни моменти се споменуваат првиот официјален меч против Словенија кој го добивме со 4-1 и првиот стрелец Зоран Бошковски. Споменат е и голот на Артим Шаќири директно од корнер против Англија во квалификациите за пласман на ЕП 2004, како и рекордната победа против Лихтенштајн од 11-1.
Од головите кои не смеат да се заборават се погодокот на Митко Стојковски ипротив Данска во септември 1994 година кој е деби гол во квалификациите за Европско првенство на нашата репрезентација. И последниот погодок на Горан Пандев протиив Грузија во Тбилиси кој ја однесе Македонија на ЕП.
Introducing EURO debutants, @ffmmkd!
Leading talents
Goran Pandev’s play-off goal
Stats behind their qualificationPredictions for North Macedonia at #EURO2020
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) February 12, 2021