782
Управниот одбор на ФФФМ го закажа Редовното изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 14. март во Скопје.
Засега единствен кандидат за претседател е актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини кој беше кандидиран од ОФС Кичево.
Не се очекува Сејдини да има противкандидат со оглед на начинот на избор на претседател според кој е речиси невозможно друг да биде изгласан.
Сејдини кој на претседателската функција на ФФМ седна во 2019 година кога Илчо Ѓорѓиоски му го отстапи местото, би требало да добие нов мандат.