Сејдини на состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

by
1 минути читање

ФФМ се пофали дека на состанокот со Чеферин, добиле силна поддршка од претседателот на УЕФА кој изразил воодушевување од работата на Сејдини.

„Јас сум воодушевен од големите чекори што Фудбалската федерација на Македонија ги направи во последните години под водство на Муамед Сејдини. Навистина како држава почнавте да ги бележите сите придобивки од вашите заложби во последните години – од пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европското првенство во Полска 2017 година, па до А репрезентацијата која се пласираше на завршниот трунир за прв пат во историјата“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Муамед Сејдини кој се очекува без проблеми да добие нов мандат за претседател на ФФМ, вели зборовите на Чеферин делувале мотивациски и им давале дополнителна енергија.

„Претседателот Чеферин и УЕФА цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал. Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020. Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание. Во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката. Тоа би било спротивно на статутите. Нашата федерација ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кој се секогаш усмерени во корист на европскиот фудбал. Благодарност до претседателот Чеферин пред сѐ затоа што го штити и развива фудбалот. На тој пат секогаш ќе ја има нашата поддршка“ изјави Муамед Сејдини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×