Балардини: Дали ќе го предомислувам Пандев да не се пензионира? Најважно е тој да игра добро до крајот на сезоната

by
1 минути читање

Балардини ја препороди Џенова, а за дуелот со Наполи реши да го стави Пандев од првата минута, а нашиот фудбалер му врати со два погодоци.

По мечот, Балардини беше запрашан и дали ќе се обиде да ја одложи најавената пензија на Горан Пандев.

„Тој треба да игра добро до крајот на првенството, да ни го дава тоа што ни го дава секој ден, тој ни ја дава својата интелегенција, неговиот огромен квалитет, и неговата скромност. До крајот на сезоната треба да биде тоа што секогаш бил, пример за другите и одличен фудбалер. А потоа ќе видиме“, изјави Балардини.

Претходно претседателот на Џенова изјави дека ќе се обиде да го предомисли Пандев да ја продолжи кариерата за уште една сезона. Засега планот на нашиот фудбалер е да се пензионира по крајот на Европското првенство, а дали ќе се предомисли, и ќе продолжи да игра уште, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×