Криминална организација на Собранието на ОФС Гевгелија? (ФОТО)

by
1 минути читање

На територијата на ОФС Гевгелија има 14 клубови кои се внесени во Комет-системот, од нив четири не се активни бидејќи немаат регистрирано играчи, тие се СЦ Истатов, ФК Вардарски, ЗГ Миравци и Полин. Од останатите десет клубови дури шест го бојкотирале Собранието.

Тие не учествувале во работата на Собранието бидејќи редовниот изборен процес не е во согласност со Законот за Спорт. Тоа е спорот за кој се води војна меѓу Агенцијата за Млади и Спорт и ФФМ.

Но и покрај тоа што поголемиот дел од активни клубови не учествувале на Собранието, тоа се одржало и за претставници од ОФС Гевгелија на Собранието на ФФМ биле избрани Мишел Истатов и Кирил Ризов, а како кандидат за член на Управниот одбор на ФФМ е избран Боро Истатов.

Шестте клубови својот бојкот и став го потврдија со потписи и печати на легитимните претставници покажувајќи дека се во поголем број од оние кои треба да му дадат поддршка на првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Тие најавуваат дека нема да застанат тука, случајот ќе има и судска разврска, ќе поднесат кривични пријави за фалсификување на запсиници и за составување на фиктивни запосници од натпревари што претставува дело казниво според законот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×