ОФС Кичево го кандидира Сејдини за нов претседателски мандат на ФФМ

by
1 минути читање

На собранието беа присутни 30 од 33 делегати и сите тие едногласно му дадоа поддршка на Муамед Сејдини за нов мандат претседател на ФФМ. На седницата Марјан Ристески беше избран за претседател на ОФС Кичево.

Се уште не е познат датумот на одржување на изборното собрание на ФФМ и дали Муамед Сејдини ќе има противкандидат, но работите се така поставени да се освен негов нов мандат ќе биде рамно на чудо.

На собранието беше присутен и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Авни Рустеми кој му даде поддршка на Сејдини во трката за нов мандат.

Пред извесно време повторно беше разгорена војната меѓу АМС и ФФМ поради тоа што Фудбалската федерација одбива да го прилагоди статутот на законот за спорт и да го промени начинот на избор на делегатите со што ќе им се даде на клубовите да одлучуваат кој ќе го води фудбалот во Македонија.

Се вмешаа и ФИФА и УЕФА кои застанаа зад ФФМ со став дека промената на статутот треба да се направи по изборното собрание.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×