Стефан Ристовски синоќа и официјално беше презентиран како нов фудбалер на Динамо Загреб.
Македонецот имаше успешна авантура во Спортинг Лисабон но таа заврши со неколку тешки месеци откако беше отстранет од првиот тим поради недоразбирање со тренерот.
Во текот на својот престој во Спортинг, Ристовски стана голем пријател со ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.
Ристовски на својот инстаграм профил постираше видео од убави моменти со Спортинг и напиша: „Имам толку многу да напишам… тежок период за целата моја фамилија… ја напуштам оваа земја и овој клуб… но можам да кажам само една работа… јас сум горд Спортингист!! Ви благодарам за прекрасните моменти!!! Прегратка“.
Стефан доби многу пораки под постот, а една, посебна, беше од Бруно Фернандеш:
„Жал ми е што заврши вака твоето патување во клубот каде што секогаш даваше се што имаше, каде што секогаш ги почитуваше вредностите кои клуб како Спортинг Лисабон ги бараше. Напорна работа, искреност и секогаш грижа за другите! Ти благодарам за се што направи за мене за клубот во целиот период во кој беше таму, беше господар во целиот тој период и заслужуваш нова шанса за да ја демонстрираш твојата вредност. Твојот успех ќе биде и мој успех“, напиша Бруно Фернандеш.
