ФИФА и УЕФА: Промени во статутот на ФФМ може да се случат само по изборите

by
1 минути читање

Агенцијата за млад и спорт (АМС) е во војна со ФФМ поради тоа што фудбалската федерација одбива да го усогласи статутот со законот за спорт. Претседателото Муамед Сејдини доби поддршка и од ФИФА и УЕФА, па нема да смеат да се направат промени додека не помине Изборното собрание за кое се уште нема конкретен датум, но треба да се случи наскоро.

„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА  ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.

Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.

Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.

Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“, се вели во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×