Ако Џеко не замине денес од Рома, утре седнува на маса со Фонсека

by
0 минути читање

Денеска е последниот ден од преодниот рок, па остануваат уште само неколку часа за Един Џеко да си замине од Рома, но веројатно тоа нема да се случи.

Џеко и Фонсека ги нарушија односите. Од поразот против Лацио, босанскиот фудбалер нема играно во Серија А.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Џеко и Фонсека утре ќе седнат на маса и ќе се обидат да ги надминат недоразбирањата.

Тие веќе имале долг телефонски разговор, но нивниот однос се уште е ладен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×