АЕК го посакува Ристовски, но Македонецот бара поголема плата и од таа во Спортинг Лисабон

by
1 минути читање

„Абола“ известува
дека грчки АЕК е сериозен во намерата да го ангажира Стефан Ристовски, нашиот
интернационалец од редовите на Спортинг Лисабон, а португалскиот медиум
наведува и дека бекот е исто така заинтересиран за договор со грчкиот клуб.

Како и да е, се
шпекулира дека платата на Ристовски е проблем за АЕК,
„АБола“ наведува дека Македонецот во преговорите со АЕК барал повеќе од неговата годишна плата во Спортинг Лисабон која изнесува половина милион евра.

АЕК го посакува
Ристовски, тој веќе контактирал со нив, меѓутоа се појавува проблем околу
неговата плата, во Спортинг Лисабон тој на годишно ниво има плата од 500,000
евра, а за преселба во АЕК бара нешто повеќе од тоа, како и да е, грчкиот клуб
се уште не се ни израмнил со неговата плата од Спортинг Лисабон во преговорите
со него
“ се вели во објавата на „Абола“.

Ристовски во Спортинг
Лисабон пристигна во летото 2017 година, по трансферот од Ријека вреден 2,25
милиони евра, а ланскиот април стави потпис на нов договор со португалскиот
прволигаш со важност до јуни 2022 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×