844
Македонскиот
репрезентативец и член на шпански Леванте, Енис Барди денеска погоди во мечот
на гости кај Валјадолид во рамките на осминафиналето од Купот на Кралот, а тоа
нашиот фудбалер го стори доста умешно од слободен удар.
Во 23 минута Барди
доби можност да го загрози голот на домаќинот од слободен удар, а тоа го
искористи на фантастичен начин изненадувајќи го противничкиот голман шутирајќи
по земја, иако за очекување беше да изведе на сосема поинаков начин.