24 годишниот
крилен напаѓач Игор Вандерсон Да Силва го облече дресот на тетовска Шкендија, а
тој е третото засилување за тетовските „црвено-црни“ по Рубин Хебајт и Ферат
Рамани.
На промоцијата,
Вандерсон истакна дека многу му се допаднало тоа што го видел во првите два
дена во Тетово, тврди дека целта е обострана, како за клубот, така и за него
лично, а вети голови и добри настапи за клубот.
„Убаво е
чувството да се биде тука, ова е нешто ново за мене, ми се допадна тоа што го
видов овие два дена во градот, верувам дека моите амбиции се исти како и тие на
клубот, имав средба со раководните лица на клубот, разговаравме за целите, како
и амбициите да се биде шампион и да се обезбеди добар настап во Европа“ изјави
Вандерсон.
„Кога пристигна
понудата до мене, јас започнав да истражувам нешто повеќе за овој клуб, како и
градот, а тоа беше љубов на прв поглед, од мене може да се очекува многу
посветеност, јас сум професионалец, ветувам многу посветеност на теренот,
голови и добри настапи“ додаде Бразилецот.
Вандерсон да
Силва е инаку поранешен член на турски Газијантеп и Бурса, а нашиот прволигаш
ја искористи можноста да го доведе во своите редови без обештетување од причина
што офанзивецот немаше клуб.
Фото-вест: kfshkendija.com