510
Екипата на
Шкендија почнувајќи од 24 јануари, па се’ до 8 февруари во Анталија ќе се подготвува за продолжението
на актуелната сезона, а таму е предвидено тетовските црвено-црни да одиграат и
четири контролни натпревари.
Прв на програмата
е дуелот со Зорја Луханск од Украина, а а два дена потоа следи и тестот со
Десна Чернихов, исто од Украина, третата контролка е предвидена против Кајсар
од Казахстан, за веќе на претпоследниот ден од тамошните подготовки да следи и
пресметката со украински Динамо Киев.