Ловрен: Му недостасувам на Ливерпул, тоа ми го потврди и Клоп преку порака

by
1 минути читање

Поранешниот
дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен тврди дека немал дилеми кога паднала
одлуката да ги напушти редовите на „Редсите“, па дури и дека не жали за таквото
сценарио, а открива дека Јирген Клоп му испратил порака дека му недостасува во тимот.

Не, воопшто не
жалам за таквата одлука, мојата одлука беше јасна – да си заминам од Ливерпул и
да не гледам воопшто назад во минатото
“ вели Хрватот во изјавата за руски „Спорт
Експрес“.

Бев прилично
вознемирен ланската сезона кога немав доволно минутажа, но, сега се
е поинаку, јас мислам дека му недостасувам
на Ливерпул повеќе отколку што тој клуб мене ми недостасува, а Јирген Клоп
добро го знае ова, ние сме во постојана комуникација, тој ми пиша и порака „Ни
недостасуваш“
“ додаде Ловрен.

Во постојана
комуникација сум со Клоп, но секако дека нема да откривам дополнителни детали
од нашите разговори, Јирген ми посака само убави работи, а јас истото и нему

заклучи дефанзивецот кој во шесте сезони за „Редсите“ реализираше 131 настап, на кои постигна и пет погодоци.

Ловрен си замина
од составот на актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата по шест години
во тој клуб, а неговиот трансфер го чинеше руски Зенит 11 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×