158
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо го откажал утринскиот тренинг на неговите фудбалери бидејќи сакал да ги заштити од студ, замор и стрес пред дуелот со Јувентус.
Наместо тренинг на Мапеи Стадионот во Реџо Емилија на кој ќе се одигра мечот, Гатузо решил да имаат сесија во собата за видео анализа каде ќе разговараат за тактиката.
Ова ќе биде прва средба меѓу Јувентус и Наполи од нивниот контроверзен старт на сезоната кога Наполитанците не отпатуваа во Торино на мечот од Серија А.