Креспо во својата кариера настапуваше и за Интер и за Милан, тој вели дека му е мило што клубовите од Милано во моментов се пред Јувентус.
„Задоволен сум што градот Милано, после многу години на доминација од Јувентус, повторно се врати. И дека конечно Интер и Милан се кандидати за Скудетото“, вели Креспо.
„Интер одигра перфектен меч против Јувентус. Не само што победија, туку доминираа, а Интер има се уште простор за напредок“.
„Интер е конкретен, тиие имаат големи фудбалери со физички и технички вештини. Видете го Ашраф Хакими, ви треба снајпер за да го сопрете. Ромелу Лукаку е сила на природата“.
„Што се однесува до Лаутаро, јас го убедував да ја одбие понудата од Барселона, и бев во право, Лаутаро е шампион, немилосрден финишер кој секогаш ги прави вистинските движења во шеснаесетникот. Нема многу напаѓачи како него“.