233
Реал во 2015 го ангажираше Мартин Одегард и откако го праќаше на калење во Херенвен, Витезе и Реал Сосиедад, минатото лето реши да му укаже права шанса. Предвреме беше прекината неговата позајмица на „Аноета“ и Норвежанецот беше вратен во Мадрид како единствено засилување за Зинедин Зидан пред почетокот на сезоната.
Фудбалерот од средниот ред сепак не успеа да се наметне, до сега одигра нешто повеќе од 360 минути, па побарал да го напушти клубот овој месец.
Мартин Одегард сака да игра регуларно за да продолжи да напредува, не сака да ја грее клупата и преферира да замине на нова позајмица.