Се зголемува македонската колонија во Италија, Бобан Николов потпишува за Лече

by
0 минути читање

Бобан Николов од унгарскиот МОЛ Фехервар се сели во Лече. Тој ќе му се приклучи на поранешниот македонски репрезентативец Ленард Жута кој веќе игра таму.

Македонецот веќе е во Лече и денеска треба да ги помине медицинските тестови по што ќе потпише договор со клубот.

Целта на Лече за оваа сезона е експресно враќање во Серија А. Тие во моментов се на петтото место на табелата.

Покрај Бобан Николов и Ленард Жута, во Италија во моментов настапуваат и Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×