Ливерпул и
Манчестер јунајтед синоќа одиграа натпревар без погодоци. Домаќините доминираа
во првиот дел, но немаа завршница. Гостите се разиграа дури во финишот од
мечот, во последните 20 минути имаа шанси преку Бруно Фернандеш и Пол Погба, но
Алисон бранеше, па на крајот бодовите беа поделени.
„Јасен беше планот
на Манчестер јунајтед, можеше да се види од прватa минута, се бранеа многу,
многу длабоко“ – вели поранешниот фудбалер на „ѓаволите“ Пол Инс.
„Паметам кога
пред неколку години Мурињо со Манчестер јунајтед на Енфилд го паркираше
автобусот и беше „масакриран“ поради ваквиот пристап, но денеска токму тоа го
направи Оле Гунар Солшер во првото полувреме“.
„Знаевме дека ќе
се бранат и ќе се наслонат на брзи играчи како Антони Марсијал и Маркус Рашфорд
преку контри. Имам играно за Манчестер јунајтед и знам дека не одите на Eнфилд
за да се браните“.
„Особено во време
кога двајцата најдобри фудбалери од средниот ред им играат како централни
дефанзивци и немаат постигнато гол на последните два натпревари“.
„Сакав да видам
како го напаѓаат Ливерпул од прва минута, можеа да победат. Ова беше шанса за
Манчестер јунајтед да покаже каков тим се, но тие се бранеа длабоко и ме
разочараа“.