Манчестер јунајтед ќе се бори за за титулата во Премиерлигата, а Лингард за опстанок?

by
0 минути читање

Џеси Лингард веќе долго време е во очајна форма, офанзивниот фудбалер важеше за сериозен талент, но сега не е ни бледа сенка од тоа.

Во тимот на Манчестер јунајтед нема место за него, а во обид клубот да му ја врати формата ќе го испрати на позајмица.

„Телеграф“ пишува дека Лингард ќе оди на позајмица во Шефилд јунајтед до крајот на сезоната.

Па додека неговите соиграчи со Манчестер јунајтед ќе се борат за трофејот во Премиерлигата, тој ќе се обиде да му помогне на Шефилд јунајтед да направи чудо и да не испадне во Чемпионшип.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×