195
Роналд Куман ќе
почека на првиот трофеј како тренер на Барселона, моменти ги делеа
„каталонците“ од славје, но на крајот останаа со празни раце.
Во финалето на Суперкупот
на Шпанија, Барселона два пати водеше со головите на Гризман, но Атлетик Билбао
се спаси во последните мигови, Виљалибре погоди за 2-2 во 90. минута и го
однесе натпреварот во продолженија, a таму, Ињаки Вилијам прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот за 2-3.
Во последните
секунди, Лео Меси ги загуби нервите и го заработи првиот црвен картон во дресот
на Барселона па по 753 натпревари за прв пат беше исклучен.