269
Не само што немаше голови, туку немаше ниту доволно шанси. Де Геа и Алисон имаа по некоја интервенција во второто полувреме но во најголемиот дел од мечот немаа многу работа.
Во 75. минута Бруно Фернандеш имаше убава шанса за погодок, но Алисон излезе како победник и го одбрани неговиот удар.
Тиаго Алкантара се закани со шут од далечина, но Де Хеа одлично одбрани. На спротивната страна Пол Погба од одлична позиција биеше право во Алисон.
Овој резултат повеќе му одговара на Манчестер јунајтед кој ја сочува предноста од три бода во однос на Ливерпул, има и два бода повеќе од Лестер кој е втор на табелата.