297
ВБА дојде до три бода кои можат да им бидат и како ветер во грб во борбата за опстанок.
Мечот беше отворен уште во осмата минута кога Переира погоди од пенал за водство на ВБА од 1-0.
Но Вулвс до крајот од првото полувреме успеа да го сврти резултатот и со голови на Силва и Боли направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.
По само седум минути игра во второто полувреме Аџави реализира за 2-2, а четири минути подоцна Переира погоди уште еднаш од пенал за победа од 3-2.