Кристал Палас си
замина со бод од гостувањето кај Арсенал синоќа во градското дерби кое заврши
без голови, а на тоа гостување му претходел инцидент за време на тренингот.
Медиумите на
Островот пишуваат дека капитенот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ и Мичи
Батшуаи морале да бидат одвоени од своите соиграчи за време на последниот
тренинг во пресрет на гостувањето кај „Топчиите“.
По кратка тензија
за време на тренингот, дошло до „судир“ помеѓу двоецот, а потоа истите морале
да бидат одвоени за да не дојде до поголем инцидент.
Тамошните медиуми
наведуваат дека Миливојевиќ збеснал по однесувањето на Батшуаи во моментите
кога тимот имал посебни задачи од Хоџсон во однос на додавањата, а идејата била
да се обрне внимание на брза реакција по примањето на топката.
Наводно
белгискиот напаѓач реагирал мошне споро во таа задача за време на тренингот што
посебно го налутил капитенот кој со сета сила ја упатил топката кон Батшуаи, по
што настанал хаосот.
Миливојевиќ
играше се’ до 89 минута на
гостувањето кај Арсенал, а што се однесува пак до Батшуаи, тој мечот го
проследи од клупата за резерви и не доби прилика за настап.