230
Поради новите ристриктивни мерки во Шпанија, Барселона не може да ги спроведе претседателските избори. Голем број од гласачите ќе бидат спречени физички да присуствуваат на гласањето а засега тоа е единствениот начин на кој се гласа.
Наскоро ќе се одржи состанок на кој ќе се определи нов датум, но и ќе се решава начинот на гласање, односно можноста да се гласа и преку пошта или електронски.
Хуан Лапорта е фаворит на изборите, а најсериозен кандидат е Виктор Фонт, во трката се уште и Тони Фреша и Емили Роусауд.