181
„Скај Спорт Италија“ тврди дека Челси е подготвен да го даде Томори на позајмица во Милан до крајот на сезоната со опција за купување за 30 милиони евра.
Но сумата која ја бара Челси е проблем за Милан, тие сметаат дека таа е превисока за дефанзивецот.
Томори стана главен кандидат за дефанзивата на Милан откако нивниот прв пик, Мхамед Симакин одлучи да оди во Лајпциг, но имаше и повреда на коленото поради која уште два месеци ќе биде во аут.
Преговорите меѓу Милан и Челси ќе продолжат, италијанскиот клуб се надева дека ќе издејствува намалување на цената.