Рашфорд: Мурињо ме научи како да добивам пенали

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед добива многу повеќе пенали од конкурентите и Клоп и Мурињо веќе и гласно почнаа да го констатираат тоа. Но Рашфорд вели дека токму Португалецот го научил како почесто да добива пенали.

„Како напаѓачи ние сакаме да постигнуваме голови. Кога трчате или дриблате и кога ќе видите дека доаѓа некој старт, не сакате да бидете удрени бидејќи гледате можност за постигнување на гол“, вели Рашфорд.

„Нема шанса да му дозволите на некој да ви ја земе топката, па според мене ние напаѓачите треба гледаме да постигнеме гол, а дефанзивците да се одбранат и знаете дека пеналите може да се случат понекогаш“.

„Но имаше периоди кога не добивавме пенали. Ми текнува кога Жозе Мурињо ни беше тренер, имаше пет-шест ситуации во кои не добив пенал, а според мене требаше“.

„Жозе тогаш ми рече: „Доколку не си свесен за ситуацијата и начинот на кој го правиш тоа, тогаш нема да добиеш пенал. Потоа почнавме да добиваме пенали“.

„Тоа беше нешто кое со процесот на развој како фудбалер треба да го научиш и да го сфатиш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×