Манчестер јунајтед е нов лидер во Премиерлигата, Погба донесе три бода против Барнли (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот на Оле Гунар Солшер со цел плен се враќа и од гостувањето кај Барнли, Манчестер јунајтед со ист број на одиграни натпревари има три бода повеќе од Ливерпул.

Натпреварот го реши еден гол, во 71. минута по асистенција од Рашфорд, Погба погоди со волеј за 1-0 што беше и конечен резултат.

ВАР неколку пати беше активиран во текот на мечот, му беше поништен гол на Мегваер, но во Манчестер јунајтед можат да бидат и среќен што Шо не доби црвен картон по еден опасен старт со отворен ѓон, или пак не беше покажан пенал во финишот по игра на Мегваер со рака.

Во вториот натпревар од овој термин, Евертон со 2-1 победи на гостувањето кај Вулвс, претходно Шефилд јунајтед со 1-0 славеше над Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×