156
Шефилд беше подобар противник, но работата значително им ја олесни Фрејзер кој во финишот од првото полувреме за три минути успеа да добие два жолти картони и да го остави Њукасл со играч помалку.
Домаќините во вториот дел дополнително ја зголемија офанзивата, но голот го постигнаа од пенал кој беше досуден по игра со рака.
Шарп прецизно ја изведе најстрогата казна за водство и победа на Шефилд јунајтед од 1-0.
Со овие три бода Шефилд јунајтед дојдоа до вкупно пет и остануваат убедливо на дното на табелата.