„Навикни се на
тоа“, наводно бил коментарот на Пол Тирни кон Јирген Клоп по меѓусебната
конфронтација откако англискиот судија во јули беше дециден во одлуката да не
додели прекршок во една добра позиција за Ливерпул да поведе против Астон Вила.
Тоа секако беше
спорна ситуација, по што следеше големо негодување од страна на предводникот на
Ливерпул кој бараше прекршок над Вајналдум, а на крајот фаворитот славеше со
2-0, но дури во 71 минута го скрши отпорот на гостинот.
Како и да е,
сигурно дека на Клоп воопшто не му се допадна фактот што токму Тирни ќе биде
делител на правдата на големото дерби во рамките на 19 коло од Премиерлигата
претстојниот викенд каде Ливерпул на домашен терен го пречекува Манчестер
јунајтед, поточно во недела со почеток од 17,30 часот.