Јовиќ се враќа во Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер јунајтед ја одбил можноста да го ангажира Србинот

by
1 минути читање

Новинарот на „Марка“,
Хозе Феликс Диаз извести дека српскиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, 23
годишниот Лука Јовиќ е пред враќање во Ајнтрахт Франкфурт, и тоа на позајмица
до крајот на актуелната сезона.

Истовремено,
новинарот додава дека Јовиќ пред неколку месеци му бил понуден и на Манчестер
јунајтед, меѓутоа Премиерлигашот ја одбил таа можност, а Србинот наводно е
среќен што се враќа во тимот од Франкфурт каде беше доста успешен.

Јовиќ на 54
натпревари за Ајнтрахт Франкфурт во две сезони успеа да постигне 25 погодоци,
па Реал Мадрид беше решителен во намерата да го ангажира, но таквиот потег на „Кралевите“
не се покажа како исправен откако напаѓачот не успеа да се наметне во редовите
на гигантот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×