Атанасов погоди на првата контролка во зимските подготовки за Хајдук (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хајдук со победа
од 3-2 над Солин ги започна зимските подготовки, а нашиот младински
репрезентативец Јани Атанасов беше стрелец на голот за потврда на победата на
составот од Сплит.

Атанасов беше дел
од составот на Хајдук кој настапи во второто полувреме, а погоди со глава по
една долга акција во 69 минута за водство од 3-1 во тие моменти за фаворитот.


(голот на
Атанасов на 1,47,45)

21 годишниот фудбалер
од средниот ред од септември минатата година е дел од составот на Хајдук каде
премина од редовите на турски Бурсаспор, во новата сезона на осум настапи за
хрватскиот прволигаш успеа да реализира по еден гол и асистенција..

Можно е и ова да ти се допаѓа

×