Манчестер јунајтед ја одреди цената на Погба: Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ ќе треба да платат 84 милиони евра

by
1 минути читање

Пол Погба е обврзан кон Манчестер јунајтед до јуни 2022, преговорите за нов договор тапкаат во место, а неговиот агент, Мино Рајола во неколку наврати изјави дека најдобро е Французинот да замине од Олд Трафорд.

Оле Гунар Солшер на ова секогаш одговараше дека сака да го задржи Пол Погба и дека смета на неговите услуги, но без нов договор, Манчестер јунајтед ќе мора да се раздели со играчот.

Неколку извори од „островото“ сега пренесуваат дека „ѓаволите“ ја одредиле цената на Пол Побга и ќе бараат 75 милиони фунти, или околу 84 милиони евра.

Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ се посочуваат како клубовите кои сакаат да го видат Пол Погба во своите редови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×