170
Адеми верува дека Македонија може да направи големи работи на Европското првенство, а тоа што противниците кон нас ќе гледаат како на аутсајдери може само да ни биде од корист.
„Можеме да направиме многу на Европското првенство, убеден сум дека Македонија може да биде изненадување. Знам дека тоа звучи многу амбициозно, но сите ние во репрезентацијата сакаме кон нас да гледаат како на аутсајдери. Сите да гледаат понижувачки. Најмали сме, ама како такви сме и најопасни. Оваа селекција има фантастичен карактер, сите гриземе и затоа велам дека можеме да направиме големи работи на ЕП“, вели Адеми за хрватските медиуми.