Работнички промовираше пет нови засилувања

by
1 минути читање

Клубот од Дебар Маало соопшти дека ги враќа Марио Станковски и Андреј Лазаров, а нови аквизиции се Марјан Ристовски, Бурхан Мустафа и Андреј Кировски.

„Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија во нашиот клуб од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, како и Андреј Кировски од Силекс.

Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски во навалниот ред на тимот што ќе го предводи Александар Влахо“, стои во соопштението на Работнички.

Претходно клубот го врати и тренерот Александар Влахо, а Горан Станковски го назначи за нов спортски директор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×