2,K
Во интервју за српски „Информер“, Чеферин меѓудругото го истакна и задоволството што Македонја ќе настапи на Европското првенство.
„Македонија ме изненади, тие беа во група со Словенија во квалификациите, добар тим се кој е одлично воден и супер е што се пласираа на Европското првенство. Една мала земја која нема добра економска ситуација, сега доби шанса за прмоција. Ретко нешто може да го обедини народот во една држава како што можат спортските успеси“, вели Чеферин.