Пандев: Се надевам дека Ибра ќе продолжи, без него фудбалот не e ист… но јас одам во пензија!

by
1 минути читање

Во интервју за „Ил
Секоло“, Горан Пандев најави крај на кариерата. Во јули тој ќе наполни 38
години и верува дека е време да ги обеси копачките на клин. За разлика од него,
Златан Ибрахимовиќ планира да продолжи и да игра во најсилното првенство на
Италија и на 40 години.

„Ибра е одличен,
се надевам дека ќе продолжи. Без него, фудбалот не е ист. Но јас практично
одлучив, летоска ќе напоплнам 38 години и ќе ставам крај на кариерата, веќе
разговарав со сопругата. Но пред да се случи тоа, сакам да играм пред полн
„Ферарис“, сакам да ги видам навивачите на трибини“
– вели Горан Пандев.

Запрашан какви му се желбите за 2021 година, тој додава: „Им посакувам здравје на сите. Лично за
мене, сакам да обезбедиме мирен опстанок со Џенова во Серија А и да се
забавувам на Европското првенство. Немаме што да загубиме, во група сме со
Холандија, Украина и Австрија, можеме да се надигруваме со последните две
репрезентации“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×