Официјално: Наинголан по третпат се врати во Каљари

by
1 минути читање

Наинголан повторно е во Каљари, тој ќе ја доигра сезоната во својот поранешен тим откако клубот постигна договор со Интер за позајмица.

Белгискиот фудбалер за Каљари играше четири години од 2010 до 2014 година пред да се пресели во Рома, а од таму премина во Интер.

Не се снајде најдобро во Интер, па минатата сезона се врати во Каљари на позајмица. А шест месеции подоцна, пак ќе игра за клубот од Сардинија, овој пат само една полусезона.

„Каљари со задоволство може да соопшти дека Раџа Најнголан пристигнува на позајмица од Интер до крајот на сезоната“, се вели во дел од соопштението на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×