„Катар ервејс“ ќе биде нов спонзор на Вардар!?

by
1 минути читање

На почетокот од 2021 година, Вардар би можел да го реши проблемот со финансирањето, Владата е во преговори со „Катар ервејс“, компанијата која е спонзор на повеќе светски фудбалски гиганти.

„24фудбал“ дознава дека преговорите се во завршна фаза, но останува да се испеглаат уште некои клучни детали пред договорот да биде потпишан.

Катарската компанија би влегла во Вардар како спонзор, првичниот договор ќе биде краткорочен, но со можност за продолжување на соработката. Преговорите се водат на повисоко ниво, а „Град Скопје“ како сопственик на Вардар ќе биде задолжен само да го потпише договорот.

Паралелно се бара решение за долговите на Сергеј Самсоненко кој го остави клубот со дебел минус од околу три милиони евра. Рускиот газда требше до крајот на годината да ги подмири побарувањата, но тоа засега не се случува.

Град Скопје рече дека не прифаќа враќање на клубот со долгови, но институциите кои се притиснати и од варадаровите навивачи, очигледно бараат решене за спас на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×