218
Атлетико Мадрид извојува победа во свој стил, без многу погодоци, само еднаш се затресе мрежата на противникот, но тоа беше доволно за да се осви целиот плен.
Клучниот момент се случи во 20. минута кога по центаршут на Караско, Луис Суарез погоди со глава.
Атлетико Мадрид е прв на табелата со 35 бода, и натпревар помалку од второпласираниот Реал Мадрид.
Интересно, тимот на Диего Симеоне има примено само пет голови на 14 натпревари, многу помалку од било кој друг клуб.