Диего Коста и
Атлетико Мадрид синоќаа „раскинаа“, „колчонероси“ му ја исполнија желбата на напаѓачот
за терминација на договорот.
Новинарот Хозе
Рамон де ла Морена открива дека проблемите тлееле уште од почетокот на
сезоната, Диего Симеоне се обидал да му помогне на Диего Коста, но доаѓањето на
Луис Суарез и честите повреди на Бразилецот со шпански пасош не биле од помош,
па како одминувало времето, ситуацијата се влошувала.
Во последно време
напаѓачот се однесувал индолентно, станал токсична фигура во соблекувалната а по
дуелот со Реал Сосиседад, малку фалело да дојде до тепачка со Нелсон Вивас,
помошникот на Диего Симеоне.
Кога побарал да
замине поради семејни проблеми (го известил раководството дека сака да се врати
во Бразил, бидејќи семејството му се преселило во Бразил) Атлетико Мадрид се
сложил да не прави проблеми, но побарал клаузула од 20 милиони евра
обесштетување доколку заврши во клуб од Лигата на шампиони или Ла Лига.
Диего Коста во
прв момент го одбил ова, па ситуацијата станала потензичка и напаѓачот
престанал да се појавува на тренинг.
„Однесувањето на
Диего Коста стануваше се повеќе индолентно, стана токсична фигура во
соблекувалната, малку фалаеше да се степа со Нелсон Вивас, асистентот на Диего
Симоне. Атлетико се спаси со тоа што реши да му го прекине договорот, но сега им е потребен
нов напаѓач“ – вели Де ла Морена.