455
Иако уште синоќа се знаеше дека во Фулам има неколку позитивни случаи на коронавирус, мечот се одлучи дури на неколку часа пред неговиот почеток.
Тоа е вториот одложен натпревар од ова коло, претходно истото се случи и со дуелот меѓу Евертон и Манчестер Сити.
На 4. декември беше одложен и мечот меѓу Њукасл и Астон Вила, па досега вкупно три натпревари од Премиерлигата се одложени поради коронавирус.
Шефилд јунајтед соопшти дека имаат рекорден број на случаи од коронавирус, но тие го одиграа нивниот гостински натпревар против Барнли.