489
Синоќа како гром од ведро небо излезе веста од српски „Курир“ дека Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на Македонија и тој ќе ја води нашата репрезентација на Европското првенство.
ФФМ ја демантираше таа информација, а сега тоа го направи и хрватскиот стратег кој вели дека првпат слуша за такво нешто.
„Не знам ништо за тоа. Првпат слушам такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од Фудбалската федерација на Македонија. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема“, вели Просинечки за „Спортске новости“.